concept-art

Samsung по грешка објави видео од новиот Galaxy S6

Од • January 8, 2015 • ОпштоComments Off1437

Уште од почетокот на минатиот месец, во јавноста кружат шпекулации за изгледот и спецификациите на новиот Galaxy S6.

Неофицијално, Samsung би требало да го претстави во текот на оваа недела на CES 2015…

Заради грешка на маркетинг тимот на корејскиот гигант, можеби имаме видео од новиот телефон дури недела дена пред официјалната презентација.

Видеото е создадено за да ја опише My KNOX апликацијата на Samsung, а во него се појавува уред кој не е еден од сегашните модели на компанијата и за кој се претпоставува дека е новиот Galaxy S6.

Телефонот на видеото поседува огромен екран (веројатно 5,5 инчен QuadHD како што се шпекулираше) со тенки граници од сите страни, а дизајнот е скоро идентичен како Galaxy S5.

Меѓу останатите спецификации би биле Snapdragon 810 octa-core процесор, 4GB RAM и 21 мегапикселна камера со Sony сензор и оптичка стабилизација на задната страна.

Телефонот секако би бил отпорен на вода и прашина, а не е исклучено да биде еден од првите уреди со вграден ретина скенер.

concept-art

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress