Microsoft го претстави Windows 10, ќе биде бесплатен за дел од корисниците

Од • February 19, 2015 • ОпштоКоментари1165

Microsoft на првата од неколкуте презентации што ќе следуваат го претстави Windows 10, а првиот човек на Windows тимот, Тери Меерсон, најави дека новиот оперативен систем носи промени кои ги „менуваат правилата на игра“ и „сервиси кои работат на секој уред“.

Новата платформа ќе биде бесплатна за актуелните корисници на Windows 8, во траење од една година.

Меѓу новитетите се транспарентното Start мени кое Microsoft уште претходно најави дека ќе го врати поради реакциите од корисниците. Нов изглед ќе добие и Cortana која ќе може да се користи и на мобилните уреди, а ја спомнуваат како многу подобро решение од search тулбарот.

Дел од пакетот се и новиот Office, Outlook и новите верзии на календарот и апликацијата за обработка на фотографии, а за многумина најголеми хит е Project Spartan. Станува збор за замена за Internet Explorer кој имаше многу лоша репутација.

Microsoft за Spartan вели дека е брз и едноставен и дека има напредни функции. Со изгледот Spartan може да стане сериозна конкуренција за Chrome и Mozilla.

Една од напредните функции е таканаречената noting mode која овозможува обележување, подвлекување и оставање пораки на веб страните, како и нивно споделување. Тука е и напредната верзија на reading mode која сега има интеграција со Cortana што би требало да го олесни пребарувањето по мрежата.

Microsoft го претстави и HoloLens визирот кој на корисниците ќе им овозможи да го спојат виртуелниот и вистинскиот свет, кој барем на презентацијата делува импресивно.

Сепак компанијата беше срамежлива во поглед на датумите за стартот на продажбата, но уверуваат дека тоа ќе се случи наскоро.

6bb4f8e3-93ec-400c-afbf-10fa97de165b fee6354a-37a7-4f7e-a29d-1a8a3e42b8e0

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress