Apple со уште една одлична празнична реклама

Од • December 16, 2014 • ОпштоКоментари1165

Минатата година Apple ја објави празничната реклама „Misunderstood”, во која едно момче изгледа дека е комплетно незаинтересирано за да ги мине празниците со своите блиски, иако всушност ги документира сите настани. Оваа година компанијата направи уште една емотивна реклама по повод празниците.

„Misunderstood” беше прогласена за најдобра реклама на Еми наградите, а и овогодишната изгледа ќе влезе во конкуренција. Новата реклама е насловена „The Song“ и во неа е претставена девојка која наоѓа стара плоча што и ја подарила баба ѝ. Девојката потоа дигитално ја преснимува песната ја поставува на својот iPad Mini и ја остава на баба си за да ја преслуша.

11358-4151-Screen-Shot-2014-12-14-at-53504-PM-l

 

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress