002-A

Angels Land

Од • March 9, 2015 • ШтипКоментари3680

Веќе неколку дена наназад на социјалните мрежи гледате слогани поврзани со Вашето омилено катче Анѓелс кафе. Еве неколку кратки објаснувања, колку да сте во тек со она што тимот на Анѓелс кафе го најавува како спектакуларен настан во Штип.

Се наближува 5-тиот роденден на Анѓелс кафе! 5 години исполнети со прекрасни настани, добра музика, спомени кои ќе бидат дел од нашиот живот засекогаш. Бидејќи од отварањето до сега стандардите на ноќниот живот и урбаното живеење во Штип се качија на многу скалила нагоре, пред тимот на Анѓелс кафе стои еден голем предизвик- Како од толку убави тематски забави да ја направиш најубавата и да се надминеш себе си! Затоа што Анѓелите го заслужуваат најдоброто!

Со својата позитивна енергија која ја носевте на секој настан, направивте ова место 5 години да биде центар на урбаните забави во Македонија!

Cover-carf

Тимот на Анѓелс кафе одлучи довербата за сценариото на 5-тиот роденден да ја даде на штипската агенција 222 и Љубан Стамениќ. Проектот го нарековме Ангелс Ленд.

Симболично, Анѓелс кафе го замисливме како Земја во која царуваат љубовта, забавата и среќата!

Angels Land e место кое сите го посакуваме, имагинарна земја во која нема политика, нема ограничувања и препреки што ги имаме во реалноста и секојдневието. Единствено нешто загарантирано со уставот и законот на оваа земја е добар провод, позитивна енергиија и моменти за паметење. Потребата барем за миг да се побегне од секојдневието беше основа за уште една тематска журка во ова култно место.

Во тек е пишување на Уставот на Анѓелс Ленд, а грбот и знамето се веќе изработени и изгласани. Исто така во тек е изработка на ПАСОШ кој ќе Ви биде потребен за влез во оваа Земја!:)  Наскоро ќе Ве информираме како да аплицирате за Вашиот пасош.

 

 

passport

За амбиентот, летот до Анѓелс Ленд и програмата ќе Ве информираме навреме:)

Во овој момент овие информации се дозволни за да ја зачувајте датата 25 Април 2015, за да бидете присутни на уште една спектакуларна журка која по кој знае кој пат ќе ги подигне стандардите на ноќното живеење во регионот!

Следете ја фан страната на Angels Cafe за да бидете информирани за се што ќе се случува во нашиот убав град.

002-A

 

 

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress