10-pricini-zosto-ne-smeete-da-ja-propustite-serijata-crn-spisok-the-blacklist-01

10 причини зошто не смеете да ја пропуштите серијата (The Blacklist)

Од • February 5, 2015 • ШоубизКоментари1236

1. Оди паралелно со американската премиера

Ако сте од оние што цел живот се жалат дека „добрите серии не доаѓаат на нашите телевизии додека не станат премногу стари“, подобро би ви било веднаш да одите на Pickbox и да ја ѕирнете рубриката „Hot from USA“, каде, замислете, новите епизоди на „Црн список“ доаѓаат со задоцнување од само 24 часа, доволно за луѓето од Pickbox да ги преведат и иститлуваат. Помалку муабети, повеќе гледање серии.

2.  Го има Џејмс Спејдер

Што и да мислите за „Црн список“, не можете да одречете дека има генијален негативен лик кој одлучува да стане добар. Но, не баш сосема добар. Ликот на Спејдер во серијата, Рејмонд Ред Редингтон, ви оди на нерви со својата супериорност, а истовремено исто толку и ве воодушевува со својата генијалност. Да не го играше Џејмс Спејдер, еден од најдобрите американски актери во историјата, сигурно немаше да биде толку добар. Аплауз за мајсторот!

3. Има згодна хероина

Главната хероина во серијата, Лизи (ја игра Меган Бун), е неискусна агентка на ФБИ, која носи трауми од детството, а и добри чевли. Таа е брилијантен психолог и многу го сака својот згоден маж, кој носи „јаки“ очила и многу веројатно е двоен агент. Лизи веројатно е ќерка на Ред, но уште не сме сигурни во тоа. Или сме? Не сме?!

4. Го спојува најдоброто од најдоброто во едно

„Црн список“ е паметна комбинација од она што ги правеше хит сериите „24 часа“, „Алиас“ и познатиот хорор-филм „Кога јагнињата ќе стивнат“. Серијата е преполна со неочекувани пресврти, со опасни стапици и со заплеткани тајни кои од епизода во епизода се решаваат малку по малку. Оф! Напнато и опасно, на мигови и болно за гледање.

5. Има 30 епизоди за гледање одеднаш

Пред да почнете да ги гледате новите епизоди, кои на Pickbox одат паралелно со американската премиера, може да уживате во 30 до сега емитувани епизоди одеднаш. Тамам за еден викенд или за една вечер, ако сте од оние што страдаат од несоница и се зависни од добри серии.

6. Ја има и Мери-Луиз Паркер

Актерката што ја обожавате и ја знаете уште од „Трева“, во „Црн список“ ја игра првата бивша жена на Ред (се женел човекот неколку пати, а сепак е криминален гениј, што е привлечно) и е единствената личност во целата серија која може да влијае врз Ред, но и да го спушти од неговиот надмоќен облак. Ја сакаме!

7. Том Кин е сладок

Мажот на главната хероина, Том Кин, кој го игра Рајан Еголд, е празник за женските очи, тврди истражувањето спроведено во нашата редакција. Го сакаат со мустаќи од млеко, во карирани кошули, па дури и во пижами. Го сакаат дури и ако не се сигурни дали ќе ја предаде Лизи и не знаат каков лик е, всушност, тој. Тоа мора да е поради очилата?

8. Ако не ја гледате серијата „Црн список“, нема да имате пријатели              

Го знаете она чувство кога друштвото на работа разговара за некоја серија, а вие немате поим за што зборуваат, па не можете да учествувате, да се смеете, ниту да ги прераскажувате авантурите на главните јунаци? Па, зар сакате тоа да ви се случи и со „Црн список“? Секако дека не. Затоа го имате Pickbox. Гледајте неколку епизоди уште денес!

9. „Црн список“ е на Pickbox

Тоа значи дека освен „Црн список“ може да гледате повеќе од 3000 часа разни хит серии и филмови, и тоа  кога ќе посакате. Да речеме, откако ќе ја изгледате „Црн список“, а уште не ви се спие, пребарајте низ Pickbox и воопшто не мора да спиете.

10. Зар ви треба уште една причина?

Ние ставивме десет во насловот зашто тоа ни изгледаше добро. Всушност, немаме уште една причина. Ви кажавме ли дека „Црн список“ на Pickbox оди паралелно со прикажувањето во Америка?

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress