10956076_10152760345724538_119085629_n

Хуманитарна забава во Штип

Од • February 5, 2015 • ШтипКоментари1191

 

На 06.02.2015 година, во 09:30 часот, во просториите на ОУК Дом на млади Штип – Здружение за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Цивитас“ – Штип и Општинска Установа за Култура „Дом на млади“ – Штип, ќе потпишат Меморандум за соработка. Меморандумот се однесува на воспоставување официјална соработка меѓу организациите за развој, заедничка соработка и меѓусебно партнерство. Реализацијата на Меморадумот ќе се докаже со заеднички хуманитарен настан, со цел собирање на финансиски средства за Иван Стојанов (кој треба да замине во Кина на лекување).
Настанот ќе се случи во Сабота (07.02.2015 година) и на негоќе настапат ДЏ Ненат Омен и ДЏ Нино Манчини од Штип, како и ДЏ Белоски од Скопје. Сите средства собрани од настанот, организациите ќе ги донираат на сметката на Иван Стојанов.
https://www.facebook.com/events/943045895707329/

Ова е втора организација со која ОУК Дом на млади ја има официјализирано соработката преку Меморандум. Имено, минатата година се воспостави соработка со Здружение на граѓани Капсула култура.

Петочната вечер (06.02.2015 од 21:00 часот) во Дом на млади ќе биде организирана токму преку споменатата соработка. Дом на млади, во соработка со Здружение„Капсула култура“ и волонтерите од Reboot – powered by the youth за прв пат во Штип ќе го слават роденденот на растафаријанскиот духовен водач и музичар Боб Марли.

Вечерта ќе почне со емитување на документариот филм за Боб Марли- „Marley“, а ќе продолжи со првиот македонски саунд систем – Актив раста селекторс. Во нивниот сет вклучуваат реге, рага, ска и денсхол, а имаат соработувано со голем број реге-артисти од нашата држава, но и надвор од неа. Постојат веќе 15 години и ветуваат добра петочна забава во Домот на младите !!!

https://www.facebook.com/events/877441138945448/?notif_t=plan_user_associated

Викендот во Дом на млади ќе биде исполнет со различни звуци и емоции. Сите се поканети, затоа што програмата ги задоволува и најистенчените вкусови.

10956076_10152760345724538_119085629_n 10965652_10152760345499538_244295189_n

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress