p

Фотошоп “мастерот” што се прослави на интернет

Од • January 26, 2015 • ШоубизКоментари1371

Доколку на интернет се појави некоја вирална фотографија од славна личност, можете да бидете сигурни дека Патрик Торендал ќе ја искористи за да направи забавна монтажа. Благодарение на смешните монтажи во Photoshop, Торендал стана еден вид интернет сензација и сега има огромен број следбеници на Instagram.

Најновото дело на Торендал е монтажата со фотографијата со старлетата Амбер Роуз.

Торендал пред неколку месеци во интервју за Complex изјави дека социјалните мрежи се одлична работа. Благодарение на нив и популарноста што ја стекна преку ноќ, тој се преселил во Њујорк и стекнал голем број контакти.

Дури и Ники Минаж обрна внимание на неговите монтажи, а една од нив и самата ја објави. Минаж е една од личностите со кои Торендал обожава да прави монтажи, заедно со Бијонсе, Џеј Зи, Ријана, Ким Кардашијан и Кање Вест.

Доколку сакате да го следите на Instagram клик тука.

10553437_616365038489104_6891562414910153481_n 10686963_561541593971449_4021487682279987424_n 10734074_592663424192599_155596264754805613_n

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress