Том Одел за вистинска љубов ќе настапи на EXIT 2015

Од • February 19, 2015 • ШоубизКоментари946

Една од најголемите музички сензации на новата генерација и наградуваниот британски кантавтор Том Одел (Tom Odell), по настапите на најголемите светски фестивали како што се „Гластонбери“ и „Коачела“ ќе настапи за 15. роденден на „Егзит“ фестивал на главната бина во петок, 10 јули.
8374687365345

Младиот Дејвид Боуви, како што го нарече Лили Ален, ја освои публиката и критичарите со дебитантскиот албум кој се искачи на првото место на британската топ листа „Long Way Down“, а од кој се издвои и големиот хит-сингл „Another Love“.

932874934534544

Во моментов, 24-годишниот англиски пејач ги подготвува новите песни кои ја очекуваат публиката веќе на пролет во рамки на турнејата „Форест Лајв“ (Forest Live) на која како гости ќе настапат Роберт Плант и Палома Феит. Сè уште е актуелен неговиот последен хит сингл „Real Love“,обработка на истоимената песна на Џон Ленон, со која оваа зима Том ги освои европските топ листи и ја надополни плеадата романтични песни како што се „I Know“, „Grow Old With Me“, „Hold Me“ и други. На прашањето дали зад неговите романтични стихови се кријат вистински искуства, ѕвездата на овогодишниот „Езит“ искрено одговара: „Скршеното срце ги пишува најубавите песни. А потоа се препознава во песната и те повикува со прашањето: Сакаш ли повторно да се заљубиш?“.

23434534535566

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress