selma hajak

Селма Хајек се враќа на фимското платно

Од • January 26, 2015 • ШоубизКоментари1116

Селма Хајек по пауза од 2 години, поточно по улогата во комедијата Grown Ups 2 се враќа на филмот и тоа на  акциониот трилер.

Мексиканската актерка ја толкува главната улога во Everly, трилер во режија на Џо Линч.

Селма ќе ја портретира Еверли, жена која мора да се одбрани од платените убијци испратени од нејзиното поранешно крими-бос момче во нејзиниот стан.

Во исто време Еверли треба и да ги спаси мајка си и ќерката од него без да излезе од станот кој е целосно опколен од сите страни.

Последниот трејлер за Everly е објавен, и во него таа глуми покај претежно анонимни актери но, и покрај актери од азиската кинематографија како Хуројуки Ватанабе, Того Игава и Мараши Фуџимото.

Во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и Карлин Чикези, Џенифер Бланк и Габриела Рајт.

Јејл Ханон и Џо Линч се погрижија за сценариото на Everly, а премиерата во САД беше на 23-ти Јануари, додека во киносалите ќе се прикажува од 27 Февруари…

Salma-Hayek-Everly

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress