Светско а наше. ФХ3Х дел од ефектите на новиот филм на Ваховски “Јупитер се качува на тронот”

Од • February 20, 2015 • ОпштоКоментари826

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х како долгогодишен соработник со Method Studio,учествуваше на визуелните ефекти на најновиот Sci-Fi спектакл на Енди и Лара Ваховски, “Jupiter Ascending”.

Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х за овој проект изјави: „На филмот „Jupiter ascending„ работевме како дел од тимот на Method

Studios, наши долгогодишни клиенти и соработници. На овој проект работеше екипа од 15 артисти од март до мај 2014 година, и беа изработени околу четириесетина кадри со различна тежина во должина од 3 минути. За самиот филм можеме да кажеме дека сме во слатко исчекување да го видиме во целина, а познавајќи ја работата на режисерите Ваховски сме особено нетрпеливи. Љубителите на жанрот на научна фантастика ќе бидат секако задоволни од резултатот, како и секогаш“, изјави Даниловски.

Од улиците на Чикаго до далечните галаксии во универзумот, „Jupiter Ascending„ ја раскажува приказната за Јупитер Џонс, за која има предвидувања кога се родилa дека е предодредена за големи работи.

Jupiter-Ascending

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress