10855849_809197469137228_332724157_o

Светско, а наше ! ( интервју )

Од • December 10, 2014 • Штип, Штип, ШтипКоментари1422

Направивме едно кратко интервју со Дарко (FOBI) па прочитајте што имаше да ни каже.

 

10846721_809197595803882_1417334664_n

 

ILOVESTIP   

Здраво Дарко, како љубител на транс музиката посебно задоволство ми е што денес ке поразговараме. Малку од младите денес знаат за времето кога транс сцената во Штип беше силна и Штип беше на мапата на светските случувања од овој тип. Кажи ми кога точно почна да те интересира овој тип на музика и реши да се занимаваш со неа ?

 

ДАРКО  

Здраво и на вас и ке бидам колку што е можно да бидам поточен на вашите прашања )))

Тоа се случи уште како мал , прво беше електронскиот звук кој во тоа време беше нешто ново нешто што претходно го немав слушнато и разбуди во мене една ИСКРА што ме поттикна да истажувам за овој стил …… истражувајки дојдов и до еден посебен вид на електронска музика која што не мозев ни да замислам дека еден ден и јас ќе ја правам истата , тоа беше некаде 1998-1999 година !

Вистина е дека Штип едно време ја имаше добрата сцена за оваа музика , иако немаше изведувачи кој ја правеа истата , сепак  и без тоа во тоа време имашедобра организација и добра посетеност на секој настан на транс  журките …!

 

ILOVESTIP

Кој артист има најмногу влијание над тебе како продуцент?

 

ДАРКО  

Дирекно, не би можел да ви кажам кој АРТИСТ има влијание над мене , затоа што секоја музика што е добра музика има влијание врз мене .

 

ILOVESTIP

Каква опрема или софтвер користиш како продуцент?

 

ДАРКО  

На почетокот кога почнав да исртажувам како би можел да создадам електронски звук , секако почнав да истажувам програм на кој би можел да ја правам истата .

Прв софтвер со кој стапив во контакт беше Fruty Loops , подоцна , Nuendo , Logic и на крај го открив овој софтвер за продукција на кој што работам и до ден денес  CUBASE од откривањето на софтверот до денес можам да кажам дека овој софтвер за мене е најдобриот во клубот на софтвери за музика , од прегледност па до креација и нормално звукот кој што излегува од него , ете токму пред некој ден излезе и CUBASE 8 ))

Од опрема прво и основно ЈАК КОМПЈУТЕР и секако после него следуваат и неговите придружници  студиски монитори , звучна карта , контролери , аналогни синтисајзери ….. !!

 

ILOVESTIP

Во просек колку време е потребно да се направи една трака ?

 

ДАРКО  

Нема одредено време за колку би можело да се направи една трака , зависи од многу фактори ….

Некогаш може да биде готова за 2 дена некогаш може да трае и две недели зависи дали ја креираш сам или соработуваш со некого , но во просек една недела ))))

 

 

ILOVESTIP

Гледаме на социјалните мрежи дека често патуваш низ повеќе земји, каде според тебе има најдобра публика?

 

ДАРКО  

Секоја публика е посебна публика и неможам од одвојам посебна !!!

 

ILOVESTIP

Кој настап ти има оставено најголем впечаток тебе ?

 

ДАРКО

Може пак ке се повторам со претходното прашање ама неможам да издвојам еден , затоа што сите ми имаат оставено впечаток  ……

 

ILOVESTIP

Кога би бил на пуст остров и имаш можност да слушнеш една трака само еднаш за последен пат која би била ?

 

ДАРКО

Не ми се случило истото за да ви го кажам одговорот , затоа што во тој момент доколку би имал можност да бирам од тоа што ми е понудено ќе видам што би слушнал  хахахахахаха ))))

 

ILOVESTIP

Фала ти Дарко за одвеното време и ти посакуваме уште многу успеси и се надеваме само небото е граница на твохјот успех.

 

ДАРКО

Благодарам и на вас , и ви посакувам долги години успешна  работа .

 

10836547_809197725803869_1362880245_n

 

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress