8285dc965c17d2be1f30cbbd1870176f

Принт маркетинг во дигиталната ера.

Од • December 5, 2014 • ДизајнКоментари963

Маркетинг, исто како и повеќето други деловни стратегии, постепено се развива заедно со технологијата. Како што се развива технологијата, новите форми на масовна комуникација се развиваат и понатаму за да се подобри маркетингот. Како резултат на тоа, бизниси се повеќе се проширува во дигиталниот свет а цената за тоа ја плаќа старата принт технологија.

Исто како и било која друга маркетинг стратегија, печатениот маркетинг има свои предности и недостатоци. Ефикасноста главно зависи вашата целна група. На пример, кога станува збор за локална публика печатената форма секогаш е сигурна опција но кога сакаме да се промовираме глобално принудени сме да ги користиме дигиталните методи.

20120121_00081

Персонализација

Тајната за маркетинг, како што и  повеќето маркетинг експерти ќе ве советуваат, е персонализација. Потенцијален клиент лесно може да се придобие со силна персонална и визуелна порака. Иако персонализација е можно во други маркетинг методи, сепак најдобро се истакнува преку печатената форма. Кај печатената форма имате комплетна слобода доколку замислиме дека не постои финансиска рамка. што не е случај кај дигиталните методи кој во некој сегменти знаат многу да не ограничат без разлика дали сме спремни да ја платиме било која цена.

Проширување на целната група

Иако интернетот е моментално најголема глобална платформа сепак не ограничува затоа што преку него не можеме да допреме до сите целни групи . Како пример ке ги земеме постарите генерации кој или немаат пристап или не знаат како да пристапат до интернет.За тоа сеуште можеме да се потпреме на стариот добар принт кој понекогаш дава многу помоќна порака и создава чувство дека одредена услуга или производ пости специјално за тебе.Тоа чувство сеуште е многу тешко да се постигне со дигиталните методи.

 

 

 

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress