pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-12

Пред најголемата ноќ во светот на музиката, сите “фаци” на едно место

Од • February 9, 2015 • ШоубизКоментари1175

Со оглед на тоа што Америка ги одбројува последните часови до почетокот на церемонијата за овогодишното издание на најзначајниот музички настан, сите ѕвезди кои што нешто значат во светот на шоу-бизнисот, се најдоа на забавата подготвена од овогодишните домаќини – Бијонсе и Џеј Зи.

Имено, кралицата и кралот во шоу-бизнисот, поточно Бијонсе и Џеј Зи годинава биле домаќини на забавата одржана во текот на денот пред главната церемонија за доделувањето на престижните Греми музички награди и сосема очекувано, помеѓу гостите се нашле сите оние кои што значат нешто во светот на музиката и шоу-бизнисот, воопшто.

Така, Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг, раперот Кање Вест,Ники Минаж, Парис Хилтон, како и славната Ријана, биле само дел од ѕвездите кои што се дружеле на забавата одржана во приватна луксузна вила во Беверли Хилс.

Секако, во овој настан славните убавици виделе уште една можност да ги потсетат сите на својот беспрекорен изглед, па така, домаќинката облечена во црн и светкав комбинизон ги воодушевила сите присутни, додека Ријана мамела воздишки облечена во цветен комплет.

pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-17 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-01 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-02 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-03 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-05 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-06 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-08 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-09 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-10 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-11 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-12 pre-gremmi-sab-pre-gremmi-sab-16

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress