hendo-hoverbord-invnik-02

Првиот ховерборд во светот

Од • December 5, 2014 • ОпштоКоментари1029

Новата направа која што неодоливо наликува на скејтборд наскоро конечно ќе го пронајде својот пат до корисниците.

Имено, оние кои што го гледале филмот “Back to The Future II” од 1989, во кој главната улога ја толкува легендарниот Мајкл Џи Фокс, сигурно се сеќаваат на необичната направа со која тој се движеше над површината на водата.

 

hendo-hoverbord-invnik-04

Подобар начин за движење на луѓето и потешките материјали

Моменталниот прототип ”Hendo Hover” овозможува левитирање на оддалеченост од околу 3 сантиметри од земјата, а максималната тежина која што направата може да ја пренесува во рок од 15 минути е 140 килограми. Сепак, како што беше наведено погоре, ховербордот функционира единствено врз одреден вид на површини.

 

Претставниците од компанијата изјавиле дека нивната главна цел била на пазарот да понудат производ кој ќе им го олесни животот на луѓето, алудирајќи на тоа дека оваа направа може да се користи, како за движење, така и за пренос на одредени нешта од едно до друго место, без притоа истите да се оштетат.

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress