youtubethumb-1

Отсега ќе може да се прават GIF-ви директно на YouTube

Од • December 13, 2014 • ОпштоКоментари906

Без официјална најава, YouTube претстави вградена алатка под видеата, со која директно ќе може да сe прават GIF-ови од моментите кои би сакале да ги извадите во тој формат. Оваа алатка е едноставна за користење и дефинитивно ќе го олесни начинот на креирање на GIF-ови.

Алатката се наоѓа под share опцијата, а функционира така што се појавува филмска лента каде гледаме фрејмови од видеото. Алатката може да ја движите и да одредите од каде до каде да биде GIF-от. Стандардот е 3 секунди должина, но може да трае од 0,3 па се до 6 секунди.

Под филмската лента има мало прозорче кое покажува како би изгледале одбраните фрејмови како GIF. Има опција и за додавање на текст по желба. Откако ќе кликнете на копчето create GIF, YouTube го генерира вашиот GIF и ви дава линк, код за ембедирање, како и ликови за споделување на социјалните мрежи.

Сега за сега, опцијата не е достапна на сите видеа – од она што забележале од Mashable, достапна е на видеата од каналот PBS Digital Studios Ideas. Се претпоставува дека YouTube сè уште работи на алатката и кога ќе биде целосно изградена, ќе биде достапна на сите видеа.

gif-tool_edited-1-640x545ytgiftool

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress