3d-pecatar-zgrada-kina-01

Не е научна фантастика: Погледнете ги зградите и луксузните вили направени од 3D печатар!

Од • January 22, 2015 • ОпштоКоментари1085

Архитектите кои стојат зад проектите велат дека ова е моментално највисоката печатена зграда. Со истата технологија, компанијата “WinSun” направила и луксузна вила до 1.100 квадратни метри.

Големиот 3D печатар во фабриката слој по слој ја печател зградата која се составувала на градилиштето. Изгледа дека наскоро од новите 3D принтери би можеле да излегуваат и облакодери.

Откако во април испечатила 10 куќи за еден ден, кинеската компанија сега направила станбена зграда на пет ката, користејќи градежен отпад. Архитектите кои стојат зад проектите велат дека ова е моментално највисоката печатена зграда. Со истата технологија, компанијата “WinSun” направила и луксузна вила до 1.100 квадратни метри.

Целосно наместената вила ќе чини нешто повеќе од 160.000 долари

3d-pecatar-zgrada-kina-03 3d-pecatar-zgrada-kina-01

Цел кат за еден ден

На веб страната “3ders.org” наведуваат дека на компанијата и бил потребен еден ден за кат, а уште пет за да го состави. За да успеат да ја завршат работата, користеле 40 метри долг и 6 метри висок печатар, пренесува Cnet. Користеле градежен отпад кој содржи челик, стаклени влакна, цемент и други адитиви

Машината го истинува материјалот слој по слој и создава градежни блокови. Тие потоа на градилиштето се составуваат заедно со челични додатоци и изолација.

Според пресметките на компанијата, на овој начин можат да заштедат 30 до 60 проценти на градежен материја, додека цената е намалена за 50 до 80 проценти. Покрај тоа, пресметале дека времето за градење на една куќа е пократко за 50 до 70 проценти

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress