top-smartphones-2013

Најочекуваните смартфони за првата половина на 2015

Од • December 15, 2014 • ОпштоКоментари1183

SONY XPERIA Z4

Screen-Shot-2014-11-24-at-2.03.50-PM-620x342

 

Новиот предводник на Sony Z4 е очекуван не само од фановите на брендот, туку и од своите конкуренти. Секогаш кога Sony ќе претстави нов паметен телефон од серијата “Z”, следат коментари за неговите можности и одличен дизајн. Навикнати сме на големата бучава пред доаѓањето на новата генерација предводник, а Z4 не е исклучок. Очекуваме од Sony да поднесат новата камера со густ сензор и резолуција на сликата од 21 мегапиксели, која ќе овозможи HDR фотографии во реално време, како и 192 автофокус поени. Сигурно слична технологија ќе направи мала револуција во мобилната фотографија.

 

SAMSUNG GALAXY S6

galaxy_s6_11

 

Samsung пушта многу Smartphones на пазарот за една година, но компанијата привлекува најмногу внимание со моделите од високата класа. Сигурно и следната Galaxy S6 ќе претстави завидни способности и многу функции. Очекуваме тој да биде прогласен официјално на меѓународниот саем MWC во месец март. Интересно кај новиот Galaxy е тоа што се претпоставува дека телефонот ќе има две модификации – со флексибилен екран и со стандарден. Време е Samsung да го претстави и новиот концепт за дизајн, што многу веројатно може да се случи токму со Galaxy S6.

 

HTC ONE (M9)

HTC-One-M9-620x348

 

Иако HTC немаат толку многу обожаватели, како некои свои конкуренти, тие сепак успеваат да се задржат на пазарот и да продолжат да нудат добри модели. Смартфонот што се очекува од нив веројатно ќе го задржи традиционалниот назив One и ќе има голем екран со дијагонала од 5.5 инчи и моќна батерија од 3500 mAh. Очекуваме 3GB RAM меморија и моќна чип Snapdragon 805. Камерата не била секогаш најсилна кај HTC, но повеќето новинари сметаат дека овој пат ќе имаме таква со 16 мегапиксели резолуција и оптичка стабилизација. Можно е новиот One да користи и други материјали за изработка на куќиштето.

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress