01-t3f3-facebooki-4106648173

Нарушена приватност: Фејсбук ве следи дури и кога не сте логирани

Од • February 10, 2015 • ОпштоКоментари1120

Фејсбук собраните податоци ќе може, на пример, да ги проследи на други свои компании како на пример Инстаграм.

Најпопуларната социјална мрежа Фејсбук повторно воведува нови правила на приватноста.

Со измената на правилата за приватноста, Фејсбук ќе може да ја следи вашата активност на интернет и откако ќе се одјавите од профилот. Но, не само вас, туку и сите останати корисници кои се пријавиле од истиот компјутер.

Но, тука не е крајот. Фејсбук собраните податоци ќе може, на пример, да ги проследи на други свои компании како на пример Инстаграм.

Од Фејсбук нагласуваат дека споделуваат податоци со апликацијата What’s up.

02-543distrazione-facebook

Овие промени беа најавени уште во декември, а на сила стапија од 30-ти јануари. Во компанијата истакнуваат дека во меѓувреме организирале и седумдневно советување на корисниците за евентуално да примат некои забелешки и сугестии.

Тие додаваат дека се одлучиле на овој чекор за да можат да ги персонализираат рекламите и да оневозможат на корисниците да им се прикажува несакана содржина.

Корисниците можат да се откажат од некои делови од новата политика, а се нудат и нови поставки за реклами, каде што може да наместите да не примате реклами од трети личности. Сите тие прилагодувања сега се достапни и за мобилната верзија на оваа социјална мрежа.

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress