Untitled-1

Музички регистар – македонската музичка продукција на дланка

Од • February 4, 2015 • ШоубизКоментари1212

Музички Регистар претставува каталог на музичките албуми од музичката продукција од Македонија. Сервисот ги групира податоците за музичките албуми во технички податоци и рецензии/критики.

„Сметам дека во Македонија постојат музички бендови, автори и  изведувачи што не добиваат соодветен публицитет, несоодветна  промоција и недоволно внимание. Причините за тоа се од различен карактер”, вели Васил Буралиев, основачот на muzichkiregistar.com.

„Тоа е впрочем и причината на почетокот на 2013 да решам дел од сопственото време да го посветам на развој на своевиден сервис со кој примарно ќе бидат евидентирани музичките албуми од Македонија, а информациите ќе бидат јавно достапни и ќе може да се пребаруваат.

Желбата, како и  потребата  за следење на музичката продукција, на автори и изданија од Македонија преку идејата за неформален музички регистар што ќе содржи соодветни информации, ја реализирам во сервис достапен на Интернет преку кој може да се пребаруваат податоци за македонските музички изданија  со деталите за композиторите, изведувачите и сите сегменти  и чинители на музичката целина” – вели Васил.

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress