• design,minimal,packaging,simple,vintage,colors-d738baa13c0475be9bed57d895f792e8_h
  • jasztej4
  • min5(1)
  • frts_ygrt2_01042011
  • paints-brand
  • pjlab-brand
  • cafe-brand
  • cotton-love-brand

Минимализам

Од • December 12, 2014 • ДизајнКоментари1510

LESS IS MORE 

Уметноста да се постигне замислен ефект и замислена цел со минимален број на елементи. Овој термин се појавува околу 1960 година и важи за секој постоечки облик на уметност и дизајн. Иако, пред само неколку години го доби интензитетот во областа на дизајнот .

Целта на минимализмот е да се нагласи важноста на содржината со елиминирање на сите споредни елементи и отстранување на елементи кој одземаат внимание од крајната цел.

Изработката на минимална стилизирана медиа со минимален број на елемeнти иако звучи едноставно сепак е доста копмплексно затоа што треба да се создаде визуелно совршено решение од минимален број на елементи.Како тест,вежба или почетен стадиум на одреден проект кој треба да се изработи минималистички е да си направите скица (wireframe) . Овде внесете ги сите елементи кој мислите дека ви се неопходни за дадениот проект и потоа почнете со елиминација и спојување.Почнете да ги елеминирате елементите и информациите кој не се од примарно значење и потрудете се да елиминирате што е можно повеќе елементи.Доколку имате можност можете и да спојувате односно каде мислите дека ке функционира можете два елемента да ги претворите во еден.

Во втората фаза откако ке одлучите кој се елементите кој ќе ги користите потоа поделете ги според важност.Најважните нека бидат најприметливи за да се добие саканиот ефект.Исто така експериментирајте со распоредот направете неколку опции и видете која вас најмногу ви одговара.

И за крај најважно не заборавајте да се ограничите со бои.Првата боја на која се мисли кога збориме за минимализам е белата боја, која обилно доага во комбинација со црна и уште една друга боја. Иако ова е најкористеното решение сепак не е запишано правило па ако се чувствувате способни играјте и со други бои, заменете ја белата со друга боја и слично.Исто така внимавајте на изборот на типографија која е многу важна затоа што кога таа е присутна и доволно застапена може да го подобри или уништи комплетниот концепт зависно од тоа дали визуелно се поклопува со дадена медиа.

 

За да добиете подобра слика надолу погледнете веќе добро познати визуелни решениа минимилизирани со техниката опишана погоре.

 

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress