prodigy-2

Легендарните The Prodigy објавуваат нов албум

Од • January 8, 2015 • ШоубизКоментари957

Едно од најпопуларните имиња во електронската музика, бендот The Prodigy на својата Facebook страна штотуку ја напиша информацијата дека објавуваат нов студиски албум, шест години по последниот, Invaders Must Die.

Новиот, шести албум за бендот, ќе биде насловен The Day Is My Enemy, а ќе биде промовиран на 30-ти март годинава. Во интервју од пред неколку месеци, Лијам Хаулет изјави дека следниот албум што ќе дојде од групата ќе биде „чиста насилна енергија“, што ќе биде одговор на диџејската формула која се употребува во денс музиката денес.

Песните што ќе се најдат на албумот се следните:

1. The Day is My Enemy
2. Nasty
3. Rebel Radio
4. Ibiza feat. Sleaford Mods
5. Destroy
6. Wild Frontier
7. Rok-Weiler
8. Beyond the Deathray
9. Rhythm Bomb feat. Flux Pavilion
10. Roadblox
11. Get Your Fight On
12. Medicine
13. Invisible Sun
14. Wall Of Death

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress