tumblr_mbc4zxNJLE1rouwpao1_500

Кое е значењето на сексот во сон?

Од • January 26, 2015 • ОпштоКоментари1261

Секој од нас има такви “валкани” соништа, понекогаш и со личност која не би ја никогаш замислиле во реалност, но тоа и не е ништо страшно.

 

Тој човек кој сте го сонувале како секс партнер претставува личност на која му се восхитувате потајно и сакате вашиот партнер да се преобрази во него.

Во друг случај, доколку сонувате дека имате секс со шефот значи дека сакате да му се приближите емоционално и да го запознаете како личност.

Додека пак ако имате секс со славна личност, значи дека сè уште чувствувате дека го немате пронајдено идеалниот партнер, или пак веќе постоечкиот не ве задоволува сексуално и емоционално.

Ако имате јавен секс тоа значи дека ви е преку глава од мислењето на јавноста за вас и вашите љубовни одлуки.

Во најлош случај ако сонувате секс со бивши партнер, тоа значи дека вашиот мозок е во фаза на негово преболување, или пак имате проблеми со новиот партнер кои не сакате да ги извадите на виделина.

Како и да е, секс со бивши партнер не значи дека сè уште го посакувате или сакате, едноставно тој е позната територија на која мислите дека може да се скриете во соништата.

Секс со вашиот партнер, но на непознато место значи дека комуникацијата во врската ви е моментално нестабилна и сакате да ја вратите во нормала.

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress