prostranost

Како да направите вашиот дом да изгледа луксузно

Од • January 14, 2015 • ДизајнКоментари4450

Со неколку обични трикови и совети вашиот дом може да го разубавите и да направите илузија дека живеете во луксузен простор…

 

1. Магичниот број 3

Триптихот може многу брзо да го предизвика моментот на воодушевување.  Три поеднинечни врамени слики е тренд кој се повеќе добива популарност…

triptih

2. Создадете илузија

Малиот простор може визуелно да го зголемете со голем тепих – поголем тепих дава илузија на поголема соба. Огледала позади гарнитурата, неутрални бои и голем тепих во комбинација даваат чувство на пространост…

prostranost

3. Less is more – минимализам

Пренатрупаноста на полиците не изгледа естетски, подобро е поставување на некоја книга, украс, слика или слично на дистанца. Посебно убав изглед се постигнува со украси со различни висини и бои. Со вакво разубавување на полиците, совршено е да се постави некоја модерна фотелја и мала масичка за поудобно уживање во омилената книга…

polici

4.Драма во спалната соба

Разубавете ја вашата спална соба со боење на ѕидот позади креветот во потемна нијанса или со некоја убава техника на ѕид. Еден ваков ѕид ја руши едноличноста на просторот и дава пријатна топлина …

spalna soba

5. Природна светлина 

Прекрасно е ако просторот изобилува со природна светлина. Боите во собата тогаш е убаво да се неутрални и да ги рефлектираат зраците на светлината. Секако, добра улога има и вештачкиот извор на светлина во топла нијанса. Совршено чувство се постигнува и со цик-цак детали во перници, прекривка и слично…

svetlina

6. Еклектичност

Комбинирањето на мебел од различни стилови и времиња секогаш дава убав изглед на просторот, секако ако се комбинираат елементи со бои и материјали кои одговараат…

eklekticizam

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress