desktop-14194461991

Какви прашања имале луѓето пред да постои Интернетот?

Од • January 3, 2015 • ОпштоКоментари711

Денес се што сакаме да дознаеме го пребаруваме на Интернет и многу лесно доаѓаме до одговор. И денес луѓето поставуваат многу необични па дури и глупави прашања, но какви биле порано тие кога луѓето биле недоволно образовани…

Порано извор на информации и одговор на многу прашања давале библиотеките, односно библиотекарите. Архивата на њујоршката јавна библиотека чува неколку записи од прашања кои биле поставувани, а покрај многуте интересни нешта на нивната Instagram страна, неодамна започнаа со серијалот #letmelibrarianthatforyou. Прашањата варираат од 1940-те до 1983-тата година. Еве некои од најглупавите:

„Дали камилите мораат да бидат регистрирани во Индија?“- 1944

„Зошто англиските слики од 18-от век имаат толку многу верверички во нив, и како ги припитомувале за да не го гризнат сликарот?“ – 1976

„Имам две прашања. Првото е во врска со етиката. Бев на новогодишна забава и неочекувано преноќив таму. Не ги познавам домаќините. Треба ли да пратам писмо за благодарност? Второ, кога ќе сретнеш некој и знаеш дека вреди 27 милиони долари затоа што тоа ми го кажаа, и кога ја знаеш неговата националност, како можеш да го дознаеш неговото име?“ – 1967

 

Прашање: „Кој е природниот непријател на патката?“

Библиотекар: „Како мислиш?“

Прашање: „Па, цело јато од нив ми слета во базенот. Им мафтав со метла ама тие само ме гледаат и квакаат. Помислив да го донесам нивниот природен непријател во областа околу базенот“. – 1967

 

„Колкав процент од сите кади за бањање во светот се наоѓаат во САД?“ – 1944

 

„Дали женското човечко суштество припаѓа на класата на цицачи?“

 

„Може ли да добијам книга што ќе ме подучи како да бидам хостеса на музичка оргија?“ 1948

 

„Какво јаболко изела Ева?“ – 1956

 

„Има ли некој авторски права на Библијата?’

 

 

 

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress