Best-Beard-Styles-20141

Каква личност е ТОЈ според брадата и мустаќите

Од • January 3, 2015 • ОпштоКоментари2208

Според лекарот Ален Петеркин кој има напишано три книги за брадите и мустаќите, според тие машки обележја може многу да се прочита за машката личност…

 

ДВОДНЕВНА БРАДА

Ова моментално е најпопуларна форма на бради и мустаќи затоа што не е ниту права брада, ниту ги присилува мажите да се бричат секое утро, а изгледа добро на сите лица.

Но, иако можеби не изгледа така, дури и дводневната брада бара одржување. Таквата брада и мустаќи зборува дека мажот е во чекор со модата.

Kratka brada

 

МУСТАЌИ

Самите мустаќи никогаш не биле идеален машки стил. Во 70-тите мустаците без брада начесто можеле да се видат во порнографските филмови.

Како и да е, мустаќите се израз на бунтовност и јасно кажуваат дека на мажот кој ги носи не му е важно што другите мислат за него.

 

ГУСТА ОДРЖУВАНА БРАДА

Се додека брадата редовно се одржува изгледа добро на сите мажи. Оние кои имаат густа брада ја сметаат за дел од својот идентитет.

Силната брада се толкува како знак на мажевност, а мажите кои ја носат се полни со тивка самодоверба кои не сакаат да се прават важни.

 

ДИВА БРАДА

Овие денови дивата неодржувана брада и мустаќи можат да се видат на студенти и славни личнoсти. Во прашање е изразениот тестостерон на дело, а правилото е – што повеќе, тоа подобро. Дивата брада е израз на слобода и бунтовност.

beard-4

ГОЛОБРАДОСТ

Петeркин верува дека трендовите на бради и мустаќи се менуваат отприлика на секои 20 години и дека целосно избричнената брада наскоро ќе се врати како мода.

Она што мажот го кажува со целосно избричено лице е дека не сака да се издвојува и дека сака класичен изглед.

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress