medical-marijuana-cerebal-palsy

И СЛОВЕНИЈА ЈА ЛЕГАЛИЗИРА МАРИХУАНАТА

Од • January 5, 2015 • ОпштоКоментари1232

Словенија по пример на повеќето развиени земји ја легализира употребата на канабис во медицински цели. Словенската влада вчера направи нова класификација на илегалните дроги и дозволи употреба на канабис. Премиерката Аленка Братушек изјави дека со тоа ќе се олесни лечењето, ќе се смали побарувањето на црниот пазар, но ќе се намали и самолекувањето кое може да го загрози здравјето на пациентот. Медицината користи дел од состојките на канабисот за лекување на одредени болести па владата одлучи да ги промени прописите како би се овозможило тоа. Лекови базирани на канабис ќе се препишуваат кај пациенти со дијагнози кај кои е докажано дека функционираат. Информации за користење на канабис во медизински цели се достапни на страниците на институтот за национално здравје на Словенија.

 

 

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress