10924743_10153027596363698_5872973240787173857_n

“ЕГЗИТ” повторно на врвот во Европа!

Од • January 21, 2015 • UncategorizedКоментари1057

На овогодинешното доделување на Европските фестивалски награди за 2014 година, морското издание на “ЕГЗИТ” (EXIT) Авантурата, “Си Денс” (Sea Dance) во Будва е прогласен за најдобар европски фестивал во категорија до 40.000 посетители дневно!

За фестивалските „оскари“, гласале рекордни 1,2 милиони фестивалски фанови, кои заедно со новинарите и експертите од музичката индустрија, синоќа на церемонијата во холандскиот град Гронинген ги прогласија победниците во 12 главни и три специјални категории. Во изборот за главната награда во категоријата над 40.000 посетители дневно, минатогодишниот победник „ЕГЗИТ“ фестивал, се најде меѓу првите три во Европа! Во конкуренција со повеќе од 400 европски музички фестивали, како и 12 финалисти од 9 земји, „ЕГЗИТ“ зад себе ги остави и фаворитите како што се германскиот „Рок ам Ринг“ или данскиот „Роскилде“.

5929796269_1fc418ab7a_b-460x306

 

Наградата му беше врачена на директорот на „ЕГЗИТ“ и основачот на „Си Денс“ фестивал, Душан Ковачевиќ, кој во оваа прилика се заблагодари на сите кои своите гласови ги испратија за Петроварадин и Јаз: „По наградата за ’ЕГЗИТ’ во 2014 година, да се прими вакво признание за ’Си Денс’ оваа година е знак дека концептот ’ЕГЗИТ’ Авантура е одлично прифатен од страна на публиката од целиот свет. Станува збор за единствен концепт на светскиот фестивалски пазар со два фестивала во рамки на една голема Авантура. Постигнат е историски успех, бидејќи прв пат се случува дебитантското издание на еден фестивал да освои волку значајна награда. Новата награда е уште една поддршка за напорите кои тимот на „ЕГЗИТ“ ги вложува со цел да го поврзе целиот регион, но и Србија и целиот Балкан да ги препознаат креативните индустрии и туризамот како вистинска можност за нивниот развој и економски раст“.

Манифестацијата „European Festival Awards“ е дел од програмата на големата европска конференција „Еуросоник Нордерслаг“ (Eurosonic Noorderslag) која секоја година ја посетуваат над 3.200 делегати и претставници на 400 фестивали од Европа, со настапи на стотина идни музички ѕвезди на околу 50 локации! На истото место беше препознат како талент и вчера наградениот Најдобар нов изведувач „Стромае“, кој настапи на главната бина на „ЕГЗИТ“ фестивал минатото лето.

Ова лето „ЕГЗИТ“ авантурата почнува на Петроварадинска тврдина на 9ти, и ќе трае десет дена, сè до 18ти јули на плажата Јаз во Будва! „ЕГЗИТ“ го слави својот 15ти роденден, а познати се и првите потврдени хедлајнери како што се „Моторхед“ кои со публиката ќе прослават 40 години неуморно творење, како и Адам Бејер кој на „Денс Арена“ ќе прослави две децении опстојување на светската техно сцена.

maxresdefault1

Потврдени се уште и популарните калифорниски рокери „Иглс оф детх метал“, германскиот техно великан Крис Либинг, детроитскиот техно тандем „Октав Уан“, домашната супергрупа „Шкртице“ која ја предводат Зоран Костиќ Цане од „Партибрејкерс“ и Борис Младеновиќ од „Јарболи“, а наскоро ќе бидат објавени и бројни други изведувачи кои ќе настапат на повеќе од 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

САМО УШТЕ ДЕНЕС СЕ СПРОВЕДУВА НОВОГОДИШНАТА АКЦИЈА ЗА ВЛЕЗНИЦИТЕ! ЕДНА КАРТА = ДВА ФЕСТИВАЛА!

Влезниците за „ЕГЗИТ“ Авантурата се достапни по промотивната цена од 3.599 денари, САМО УШТЕ ДЕНЕС. Овие промотивни влезници всушност се дел од новогодишната акција на „Егзит“ во чии рамки по цена за една влезница добивате два фестивала, односно со купена влезница за „Егзит“ добивате гратис влезница за „Си Денс“ фестивал. Продажбата на влезниците во Македонија се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс и официјалното продажно место „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Бројот на промотивните влезници е строго ограничен.

 

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress