10850386_10205207263491224_513346267_n

Ана Ѓорѓева (интервју)

Од • December 11, 2014 • ДизајнКоментари2518

Денес на наше огромно задоволство ја имаме можноста да поразговараме со Ана Ѓорѓева, модна дизајнерка, блогерка, студентка на УГД – текстилен дизајн и менаџмент.

 

10846908_10205207263371221_381265550_n

 

Здраво Ана, за почеток би сакале да знаеме од каде желбата да бидеш дел од модниот свет?

– Порасната сум во семејство каде што изработката на облека секогаш била дел од нашето секојдневие, затоа и не ми беше тешко да се одлучам да бидам дел од модниот свет и да го студирам токму ова.

 

Што се е потребно за да се земе место на модната сцена кај нас?

– Пред се треба да бидеш креативен, и да се стремиш кон тоа фантазиите да ги претвараш во реалност, секако и достоен буџет да си го овозможиш целото тоа.

 

Судејќи по тоа што го имаме видено може да заклучиме дека секогаш си оригинална во работата, од каде ја црпиш инспирацијата?

– Секогаш кажувам дека инспирацијата ја црпам од секојдневието, бидејки најважно е секој да се чувствува удобно во она што го носи.

Инспирација може да се добие и од една капка вода, на човекот е дали ќе ја претвори во океан или ке остави да биде само капка.

 

Како изгледа еден твој просечен работен ден?

– Бидејќи сум редовен студент, моја најголема обврска е да присуствувам на предавањата, па најголемиот дел од денот го минувам таму. Останатиот дел од времето се посветувам на моите обврски што си ги задавам сама, било да креирам или да пишувам на блогот, а кога доаѓа до тоа пуштам гласна музика и оставам идеите да ми доаѓаат сами. Во главно целиот ден ми е исполнет и неможам да се замислам без нив. Мислам дека работата го краси човекот… Клише, но вистина.

 

Мислиш ли дека модната сцена кај нас е на ниво на стандардите што ги наметнуваат светски познатите дизајнери?

– Сметам дека во модата не се наметнуваат стандарди, таа е начин на изразување на дизајнерот. Сепак не можеме да се споредуваме со светските модни дизајнери, бидејќи секоја држава има различна култура, а веќе ја знаеме нашата. Треба да се земе во предвид и дека за да работиш со мода мораш да вложиш, за да добиеш. Кај нас ретко кој може да си овозможи дизајнирана облека, макар и таа да е од домашните дизајнери, бидејќи сечиј труд се наплаќа, а тоа тука не се цени доволно.

 

На самиот почеток го споменавме твојот блог (ana-stil.blogspot.com), тоа е место каде понекогаш остро, но со право си критички расположена. Како ти се справуваш со критиките за твојата работа?
– Секоја критика е добредојдена, се додека е издржана. Секогаш постојат луѓе што ти ја ценат работата, но постојат и оние другите. Се разбира секој треба да размисли добро околу критиките што му ги упатуваат и да промени нешто во работата доколку е во можност.
Што се твоите планови за 2015та, се планира ли можеби самостојна ревија или…?

– План за 2015 ми е најпрво да дипломирам, бидејќи сеуште сум студент, а потоа може да ве изненадам со некоја самостојна ревија за да ја испрезентирам досегашната работа.

 

За самиот крај дали  можеш да се замислиш во некоја друга професија?
– Не. Премногу го сакам ова што го работам за да можам да се замислувам во други професии. Јас сум, тоа што сакам да бидам.

 

Фала на одвоеното време за нас, се надевам нашиот тим ќе биде дел од многу Ваши успеси.

10846857_10205207263291219_420639762_n     10850856_10205207263611227_388242892_n

 

 

Pin It

Коментарите се исклучени

wordpress